„Се разбудија чувствата од минатото“: Анистон и Швимер во емотивна врска?

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездите од серијата „Пријатели“, актерката Џенифер Анистон и нејзиниот колега Дејвид Швимер наводно се во емотивна врска, тврдат странските медиуми.

За време на снимањето на Friends: The reunion , тие признаа дека биле вљубени еден на друг на почетокот за време на хит серијата. Но, се чини дека се се сменило откако се снимаше собирот, кога, како што се наведува, сфатиле дека се разбудиле нивните чувства од минатото.

„По собирот, стана јасно дека споменот од минатото предизвика чувства кај двајцата и дека хемијата која секогаш морале да ја кријат се уште постои. Почнаа да си испраќаат пораки веднаш по снимањето, а минатиот месец Дејвид полета од својата куќа во Њујорк за да ја види Џен во Лос Анџелес“, рекол извор за „Closer“.

Упатените тврдат дека Анистон и Швимер поминале време во куќата на Џенифер, каде „подготвувале вечери и уживале во квалитетно време заедно, разговарајќи и смеејќи се“.

Забележани се и како пијат вино, длабоко во разговор, додека шетале низ едно од омилените лозја на Џен во Санта Барбара, каде што било јасно дека меѓу нив има многу хемија – рекол изворот.

Претставниците на Швимер и Анистон негираа за „Фокс њуз“ дека тие биле во емотивна врска.

Слични содржини