227
Борбите меѓу ерменско-азербејџанските сили во регионот Нагорно Карабах продолжија утрово, при што обете страни распоредија тешко оружје во областа.
Азербејџанските сили се обидоа со тенкови да пробијат во југо-источна насока. Нападот беше одбиен, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Нагорно Карабах (РА МО), Шушан Степанијан.
По тој повод, наидувајќи на жесток отпор од страна на тенкови и противтенковски единици, беа уништени 10 оклопни возила и тенкови. Борбите се уште траат.