„Се разведувате или не?“: Сталоне објави романтична фотографија со сопругата

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Силвестер Сталоне објави романтична фотографија со сопругата Џенифер Флавин во време кога се зборува дека ќе се разведуваат.

„Прекрасно“, напиша актерот под фотографијата, а потоа објави уште една со ќерките.

„Повторно сте заедно? Се надевам да“. „Па тоа е прекрасно. Убаво е да ве видиме заедно“. „Прекрасно семејство“. „Се надевам дека ќе ја промените одлуката за развод“. „Не можам да разберам сега, се разведувате или не“. „Прекрасен пар сте“, се само дел од коментарите.

Сталоне најпрво ги негираше шпекулациите кои се ширеа во јавноста дека се разведуваат поради нивното куче, но потоа призна дека имале несогласувања за тоа кој да го чува.

За потсетување, Џенифер на 19 август ги поднесе документите за развод, а бракот го опиша како неповратно скршен. Го обвини Сталоне за намерно расфрлање и трошење на брачниот имот.

Слични содржини