Се редат црни рекорди во Бразил: 3.869 смртни случаи од коронавирус

од Nikola Popovski

Бразил вчера забележал рекорден број на смртни случаи од почетокот на пандемијата, односно 3.869 пациенти починале во претходните 24 часа, објави Министерството за здравство на таа земја.

Во најголемата јужноамериканска држава денес се регистрирани 90.638 нови случаи, така што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е повеќе од 12,7 милиони.

Ројтерс известува дека бразилското регулаторно тело за здравство Анвис денес објави дека ги одобрило вакцините Џонсон и Џонсон за итна употреба.

Бројот на пациенти со коронавирус во светот денес надмина 129 милиони. Според тие податоци, починале 2,82 милиони лица, додека 104,23 милиони луѓе се опоравиле.

Во САД има најголем број на жртви – 564 000, Бразил има 317 000, Мексико 202 000, Индија близу 163 000, а Велика Британија повеќе од 126 000 починати од почетокот на пандемијата.

Слични содржини