Се руши хотелот дивоградба на Охридското езеро (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Општина Охрид спроведува акција за рушење на хотел дивоградба, кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, и истиот е во близина на бетонската база изградена од советникот Нефи Усеини.

Акција за уривање на овој хотел првично имаше на 30 септември 2019 год, но општинските екипи тогаш се повлекоа по ветувањето на сопственикот дека сам ќе си го урне објектот. Тогаш општината му даде рок од 20 дена, но сопственикот не го испочитува овој рок.

Инаку ова е дел од акцијата која локалната самоуправа ја спроведува по препораките на УНЕСКО, и со која се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.

Инаку Општината Охрид и денеска продолжи да ја урива бетонската база во сопственост на фирма на охридскиот бизнисмен Нефи Усеини.

Базата за производство на бетон, лоцирана на самиот излез од Охрид на стариот пат кон Струга.

Усени за телевизија Телма изјави дека сам ја урива бетонската база, бидјеќи бил обвинуван дека поради него Охрид може да го загуби статусот на УНЕСКО.

Слични содржини