Протестите добиваат се повеќе на масовност. Се крши стравот по притисокот на власта со бруталното тепање на протест на недолжни граѓани, кое повеќе го мобилизира народот отколку што го неутрализира и пасивизира.
По Скопје протестите за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, против полициската бруталност и барање за нова истрага за сообраќајната несреќа во која загина основачот и уредник на Фокус, Никола Младенов се шират низ Македонија.
Денеска ќе се протестира во Свети Николе, Штип, Охрид, Куманово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и Скопје.
Вчера мирно и достоинствено се протестираше за прв пат во Струмица, и повторно во Прилеп и Скопје. Во метрополата полицијата забрани протест пред Владата, ги спречи и и пред Обвинителството, па граѓаните повторно се собраа пред Парламентот.