Се шири „епидемијата“ на откажувања од УС Опен

од Vladimir Zorba

Се шири „епидемијата“ на откажувања од УС Опен. По првопласираната тенисерка на светот, Ешли Барти, Елина Свитолина и Кики Бертенс најавија дека нема да се појават на терените „Флешинг медоус“.

Свитолина, рангирана на петтото место во светот, како причина да се откаже од Гренд слем турнирот во кој минатата сезона стигна до полуфиналето, изјави дека не се чувствува пријатно да патува.

Од друга страна, седморангираната Бертенс на социјалните медиуми напиша дека е загрижена за карантинот по пристигнувањето во САД.

За потсетување, двајца од четворицата најдобри тренери, Рафаел Надал (втор) и Роџер Федерер (четврти) веќе изјавија дека нема да се појават во Њујорк, како и Гаел Момфис (деветти).

Засега никој од останатите тенисери на Топ 10 не го потврди официјално нивното пристигнување на овој гренд слем турнир, додека меѓу првите десет тенисери, само Серена Вилијамс (деветта) изјави дека ќе биде во Њујорк кога ќе започне УС Опен.

Слични содржини