„Сè што е побарано е предадено“: Спасовски помагал на истрагата на Русковска

од Берта Китинска

МВР секогаш имало одлична соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал.Сè што е потребно има во Обвинителството и тие материјали се доставени, така што не станува збор за никакво криење на документи или било што.Туку сè што е побарано е предадено во Јавното обвинителство, вели министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за правда Никола Тупанчевски и порача на обвинителката Русковска да пријави ако заради водењето истраги трпела пристисоци.

-Има начин на којшто може да се реагира и треба да се реагира институционално. Ако се врши притисок се знае до кого треба да биде тоа алармирано или до кого да биде поднесена информација – зошто притисок, кој врши притисок, колкав е тој притисо, затоа што одредени форми на притисок претставуваат сегмент од злоупотреба на функцијата, рече Тупанчевски.

На советот на јавни обвинители пред неколку дена им испорача жалба на суспензијата

-Не се суспендира Вилма Русковска туку прравото и правдата во државата“. Сепак првата обвинителка во борбата против корупцијата не сака да верува дека политиката и или политичрите и вршат прогон, кажа Русковска .

Супензијата на Русковска утре ќе биде единствена точка на седницата на Советот на јавни обвинители.

Слични содржини