Се скратува постапката за издавање патни исправи на Македонците кои се во Кина

од Берта Китинска

Драстично се скратува постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина.

Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен поради рестриктивни мерки за карантин, соопшти МНР.

Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15.

Со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).

Слични содржини