Се слави победата на Асад на изборите, има мртви и повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку две лица загинаа, а 317 се повредени во пукање со кое се славеше победата на сирискиот претседател Башар ал-Асад на изборите, објави во саботата воен набљудувач, пренесува Хина.

Жртвите биле убиени со куршуми испукани случајно од приврзаниците на Асад, меѓу другите, во главниот град Дамаск и во северниот град Алепо, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Еден млад човек и дете загинаа во Алепо, јави организацијата со седиште во Велика Британија.

Ал-Асад победи на изборите по четврти пат во средата, освојувајќи 95,1 процент од гласовите и нов седумгодишен мандат.

Опозицијата и западните земји ги прогласија изборите, кои се одржаа во области контролирани од сириската влада и на кои можеше да се бира помеѓу тројца кандидати, за фарса.

Слични содржини