Актуелно
Почетна / Глобално / Се составува список на загинати во масакрот во Германија : Меѓу жртвите има и лице од Балканот

Се составува список на загинати во масакрот во Германија : Меѓу жртвите има и лице од Балканот

Меѓу жртвите од терористичкиот напад на наргиле-бар во германскиот град Ханау има и босански државјанин, објави турскиот весник „Хуријет“.

Според сведоците, напаѓачот прво пукал кон тројца турски гости, а потоа и кон келнер. Тој потоа се упати кон кафулето „Арена“ каде убил 20-годишен Турчин, 20-годишен Босанец и келнерка од Полска.

Германското обвинителство го опиша нападот како терористички чин, бидејќи се сомнева дека убиецот, кој по масакрот ја убил својата мајка, па се самоубил, бил екстремен десничар.

loading...