Се создава „супер тим“, Харден оди во Бруклин

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот „супер тим“ од НБА лигата е на повидок, бидејќи американските медиуми наведуваат дека Хјустон и Бруклин постигнале договор според кој Џејмс Харден ќе замине на Истокот и ќе им се придружи на Кевин Дурент и Кајри Ирвинг во редовите на Нетс.

Големата вест доаѓа „преку езерето“, бидејќи неколку локални медиуми јавуваат дека е формиран нов „супер тим“ од НБА лигата.

Очигледно, Харден ќе ги напушти Хјустон Рокетс по осум години и ќе ја продолжи кариерата во Бруклин Нетс.

Харден пред неколку дена побара размена, иако првично беше објавено дека тој ќе биде целосно посветен на „ракетите“, и покрај реформите во тимот.

Хјустон го напушти долгогодишниот генерален директор Дерил Мори, како и тренерот Мајк Дантони.

Веднаш започнаа шпекулациите каде Харден би можел да ја продолжи кариерата, а според последните информации, желбата на Харден ќе се оствари, бидејќи тој ќе замине од Хјустон.

Порталот „Нетс Дејли“, повикувајќи се на извори блиски до НБА лигата, наведува дека е постигнат вербален договор во врска со преминувањето на Харден во Бруклин.

„Брадата“ ќе биде пречекан од Кајри Ирвинг и Кевин Дурент во „Нетс“, кои ќе формираат нов „супер тим“, фаворит за освојување на титулата.

Сè уште не е познато од кого Бруклин би требало да се откаже за да го донесе Харден, но сигурно е дека Ален, Динвиди и Лаверт би биле дел од трговијата.

Покрај Харден, Бруклин е заинтересиран да го доведе во своите редови Серж Ибака, кој е слободен агент на пазарот во НБА.

Слични содржини