Се сруши дел од зграда во Белград (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Во Белград, во општината Врачар на улицата Видовданска денес се сруши дел од зграда, лоцирана на парцела до актуелно градилиште.

Сите станари биле евакуирани и на безбедно го чекаат пристигнувањето на градежната инспекција.

Станарите веруваат дека делод зградата се срушил поради работата на блиското градилиште, каде околу еден месец се копаат темели за станбена зграда.

Тие за „РТС“ велат дека веќе подолго време предупредуваат на опасноста од уривање на зградата бидејќи во претходните денови почнале да пукнаат плочки и sидови.

Како што се наведува, зградата не е целосно срушена, туку дел од станот на приземјето, но од безбедносни причини, сите станари кои се нашле во становите биле евакуирани.

Министерството за внатрешни работи на Србија за „РТС“ потврдиле дека сите станари се безбедни и евакуирани, како и дека нема повредени.

Слични содржини