СЕ СРУШИЛА НА СНИМАЊЕ! Хајди Клум се онесвестила, веднаш била пренесена во болница

од Vladimir Zorba

Една од најпознатите манекенки, Хајди Клум (46), која и покрај пандемијата на коронавирус е многу зафатена, неодамна заврши во болница бидејќи за време на снимањето се онесвести.

– Работам на неколку проекти и среќна сум што доловувам мисли од целата ситуација во светот – рече Хајди.

Сепак, овие проекти ја чинеа и нејзиното здравје. Според некои германски медиуми, Хајди била итно хоспитализирана пред неколку дена откако за време на едно снимање се онесвестила.

– Беше страшно, сите бевме исплашени и загрижени. Таа станала од стол откако шминкерите ја средиле, а потоа паднала. Ја ставивме во кревет и ги подигнавме нејзините нозе, за среќа таа многу брзо се освести. Повикавме и медицинска помош што ја однесе во болница. За среќа, тоа беше само дехидрираност, а по инфузијата, Хајди беше пуштена дома – изјави извор за германски дневен весник.

Слични содржини