Се стресе тлото во источна Македонија

од Nikola Popovski

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, бил почувствуван денеска од населението во Штип и околината.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил со јачина од 2,5 степени според Рихтер.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) потресот се случил во 13 часот и 09 минути според локално време. Од таму немаат повеќе информации или детали за јачината на земјотресот.

Исто така нема информации за предизвикана материјална штета.

Пред три недели исто така два земјотреси беа регистрирани во овој дел од државата, со магнитуди од 3 и 2,1 степен.

Слични содржини