Се тестирала 12 пати на корона и нема да запре: Потрошила 2.600 евра на тестови ниту еден од нив не бил позитивен

од Aleksandar Petrovski

Сара Едвардс е Британка која веројатно направила најмногу тестови за вирусот корона. Иако не е ниту медицинска сестра ниту лекар, туку асистент за маркетинг, таа направила 12 тестови и потрошила околу 2.600 евра на нив, иако ниту еден не бил позитивен.

Тоа сè уште не ја спречува оваа девојка да собира брисеви или панично да закажува тест-термин, затоа што Сара е преплашена од она што го донесе ковид-19 на светот.

Таа не гледа ништо лошо во тоа да прави тест секоја недела, дури и без никакви симптоми, а некои од нејзините пријатели ја опишаа оваа навика како „себична и несовесна“.

Тие сметаат дека нејзината потреба е „грабеж“ на оние на кои очајно им треба тестот, како што се вработените во болницата или оние во домовите за стари лица. Веќе овој месец имаше фијаско со тестови.

На пример, во еден момент и во една од најголемите жаришта во Велика Британија, немаше тестови, па родителите на децата кои одеа на училиште мораа да поминат километри за да направат тестови.

Ова се тестови кои се лесни за употреба и е можно секој да ги користи дома.
Сепак, Сара Едвардс вели дека ќе продолжи да чека резултати без оглед што ќе каже некој.

За фактот дека нема доволно тестови во земјата, таа вели дека „тоа не е нејзин проблем“.

– Всушност, имам целосно право да тестирам, без оглед дали се тоа бесплатни тестови на Националниот здравствен систем, или оние што ги платив за себе, но она што го правам секоја недела е клучно за моето ментално здравје.

Не е мој проблем ако нема доволно тестови за училишни деца, можеби требаше да бидат подготвени на време како мене.

Знам дека луѓето велат дека сум себична, параноична, лицемерна, но не ми е гајле – рече таа.

Слични содржини