Се топат во уста: Мафини со вишни

од Vladimir Zorba

Состојки:

2 јајца
200 мл јогурт
160 мл масло
1 чаша шеќер
2 чаши брашно
2 ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
100 гр чоколадо
300 гр вишни

Подготовка

Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додаваат јогуртот и маслото. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па соединете со изматената смеса. Чоколадото за готвење исечкајте го на коцки, па нежно измешајте го во смесата (по можност со процесор за храна).

Додадете 2/3 од вишните кои претходно ги исцедивте од сокот и ги посипавте со лажица шеќер. Истурете ја смесата во калапи по желба. Силиконските не се покриваат со корпи, нема потреба, додека во тефлонските се става хартија за печење.

На секој мафин се притиска по неколку вишни пред печење.

Печете околу 20 минути на 200 степени Целзиусови.

На здравје!

Слични содржини