Се тресе тлото: Земјотрес ја погоди Грција, бил почувствуван и во Македонија

од Nikola Popovski

Синоќа неколку земјотреси ја погодија Грција, кои исто беа почувствувани и во јужните делови на Македонија.

Во 21:31 часот по грчко време, земјотрес од 4.7 степени по Рихтеровата скала го погодил јужниот сосед, а потресот бил почувствуван и во битолскиот регион.

Според Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Костур.

На овој земјотрес, претходел и друг потрес во Грција од 3.5 степени.

Земјотресот е почувствуван најмногу во Битола, Ресен, Охрид…

Синоќа серија земјотреси ја погодија и Албанија, односно се тресело тлото во градовите Корча и Елбасан.

Слични содржини