СЕ УРНА АВИОН: Трагедија во близина на грчкиот остров Самос

од Nikola Popovski

Мал авион се урнал денеска во морето во близина на грчкиот остров Самос, објавија грчките власти, без да наведат други детали.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека мал авион, за кој навел дека е „Цесна“ со еден мотор, во кој имало две лица, се урнал во близина на аеродромот на Самос, објави Ројтерс.

„Забележавме остатоци од авион во морето, еден километар јужно од аеродромот“, изјавил претставник на крајбрежната стража за британската агенција.

Друг официјален претставник соопштил дека малиот авион летал од Израел за Грција.

Слични содржини