Се урна авион во Њујорк, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а две други се тешко повредени при уривање на мал авион со еден мотор во Лонг Ајленд, Њујорк, соопштија локалните и федералните власти.

Полициски хеликоптер ги превезол повредените во болница, пренесе Ен-Би-Си.

Пајпер ПА 28 се урна во Северен Линденхерст во неделата околу 15 часот, веднаш пред својата дестинација – аеродромот Фармингдејл, соопшти Федералната управа за авијација.

Слични содржини