СЕ УРНА АВИОН ВО РУСИЈА: Има жртви, започната е истрага

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица загинаа во падот на мал авион недалеку од селото Калинка, во регионот Хабаровск, на крајниот исток на Русија.

Претходно, регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации ја потврди оваа информација, наведувајќи дека едно лице загинало, а друго е тешко повредено.

Прес-службата на регионот Хабаровск му потврдила на новинар на ТАСС дека била повредена 40-годишна жена која претрпела скршеници на двете нозе и се наоѓала во сериозна состојба, но во меѓувреме им подлегнала на повредите.

Властите од регионалното обвинителство потврдија дека е започната истрага за оваа авионска несреќа.

Слични содржини