Се урна борбен авион во Грција

од Radmila Tasevska

Грчките спасувачи трагаат по двајца пилоти на борбениот авион Ф-4, кој денес за време на обука се урна во Јонското Море во западна Грција, јави државната телевизија.

Авионот со две седишта наводно се урнал на 46 километри јужно од аеродромот Андравиде на Пелопонез.

Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од авионот, но властите не можеле да ја потврдат таа информација, пренесе Ројтерс.

Грција го набави првиот ловец Ф-4 од САД во 1974 година.

Слични содржини