Се урна висококатница во Нигерија, најмалку шест загинати (ВИДЕО)

од Milan1

Најмалку шест лица загинаа при уривање на висококатница во изградба во нигерискиот град Лагос.  Медиумите пренесуваат дека тешка механизација ги расчистува остатоците од 21-катната зграда во потрага по преживеани под урнатините во елитната населба Икоџи во Лагос.

Спасувачите изјавија дека во моментот на уривањето на зградата во неа имало „многу работници“, иако не можеле да го потврдат бројот на затрупани или загинати луѓе.

Набргу по уривањето на зградата, десетици гневни жители се собраа на местото, многумина плачеа и изразија разочарување од бавното темпо на спасувачката акција.

Спасувачите трагаат по преживеани. Според очевидци, по уривањето на луксузната станбена зграда вчера под урнатините биле затрупани околу 100 работници.

Зградата беше една од трите кули што ги гради приватната компанија „Fourscore Homes“.

Најевтиниот стан во зградата е продаден за 1,2 милиони долари.

Слични содржини