Се уште има добри луѓе: Александар пронајде паричник полн со пари и му го врати на сопственикот

од Берта Китинска

Пензионерот Александар Софреновиќ од Врање, пронашол паричник полн со пари и документација на пат додека одел да си ја земе пензијата и му го вратил на сопственикот.Со велосипед дошол во главната пошта во Центарот на Врање и го пронашол паричникот во близина на банкоматот.

– Само што го свиткав паричникот, кој беше отворен, и помислив дека штом ќе ја завршам работата, ќе погледнам да видам дали има некоја адреса на која би можел да го вратам. Додека чекав на шалтерот, размислував како да дојдам до сопственикот кога слушнав жена како разговараше со обезбедувањето – раскажува Александар.

Сопственичката на паричникот побарала од обезбедувањето да ги прегледа безбедносните камери бидејќи била убедена дека го оставила паричникот на банкомат.

– И пријдов и ја прашав дали е нејзиниот паричник. Жената беше пресреќна, нудеше пари, заблагодарувајќи се, но јас не сакав ништо. Дефинитивно би го вратил тој паричник или кој било друг, имам деца и внуци, не ми треба ништо друго – вели Александар.

Сопственичката на паричникот вели дека нејзиниот паричник најверојатно и испаднал набрзина откако ги извадил парите од банкоматот и дека најтешко и било тоа што во паричникот се наоѓаат нејзината и документацијата на детето.

Слични содржини