Се уште има добри луѓе: Љупче од Штип нема повеќе да го храни синчето со леб и шеќер

од Берта Китинска

Откако беше објавена тешката и тажна животна приказна на Љупче од Штип голем број хуман луѓе преку социјалните мрежи решија да му помогнат на овој самохран родител.

На Фејсбук беше објавено дека малиот Андреј ќе оди во градинка, а Љупче наскоро ќе почне да работи благодарение на градоначалникот на Штип,  Сашко Николов.

Во емисијата „Срце на дланка“ самохраниот татко тој рече дека се задолжува се со цел да го прехрани својот син.

– Има моменти кога немам ни за млеко, па му растворувам вода и шеќер. Ако треба јас нема да јадам, ама за Андреј ќе има, вели тој.

Љупче детсвото го поминал во домови. Никогаш не почувствувал вистинска љубов од страна на родителите, ниту пак уживал во вистинските семејни вредности.

Кога бил бебе, мајка му заминала и го оставила да го чува татко му и баба му. Додека била баба му жива, имал до некаде и некои нормални услови за живот, но откако таа починала во 2012 година, за некого почнала голготата. Заедно со татко му западнале во тешка финансиска криза, па така татко му тргнал по лош пат, почнал да краде и завршил зад решетки. За да ги вратат долговите, морале да го продадат станот во кој живееле. Тогаш Љупче завршил во дом за деца.

Откако наполнил 18 години и таму вратите веќе му биле затворени.

Животот после тоа го продолжил на улица. Таму спиел, се хранел од милостина на луѓето.

По некое време се вработил во Градскиот стадион во Штип, но набргу и од таму бил отпуштен. После тоа почнал со работа во авто перална, каде и преспивал, но и тоа лошо завршило. После некое време се вработува во штипската болниица каде и ја запознава Ирена. Започнале врска и на свет го добиле нивниот син Андреј. Живееле во стан под кирија.

-Бев пресреќен, го добив најскапоцениот подарок, вели Љупче.

И таман кога помислил дека животот му се средува, Ирена заминала од дома, и ги оставила сопругот и својот син.

Доколку на кој било начин сакате да му помогнете на овој човек, тоа може да го сторите на 075 304 405.

 

 

Слични содржини