„Сè уште ја сакам“: За неа велат дека е најголемата љубов на Бред Пит

од Nikola Popovski

Актерот Бред Пит со години важи за најголемиот холивудски заводник, при што не можеа да му одолеат ниту убавиците како Анџелина Џоли и Џенифер Анистон. Иако овие негови романси со години привлекуваат внимание, многумина тврдат дека најголемата љубов на Бред е актерката Џулиет Луис.

Двајцата се запознале во далечната 1990 година на снимање на филм, кога таа имала само 17, а тој 27 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MEAWW (@meawwofficial)

„Сè уште ја сакам таа жена. Прекрасно си поминав со неа. Тоа беше една од најдобрите врски во кои сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е вистина“, изјавил Пит во интервју за „Vanity Fair“.

По три години врска, поточно во 1993 година, двојката раскинала, а истата година соработувале на филмот „Калифорнија“.

Слични содржини