Се уште не го преболела: Селена истетовира иста тетоважа како Џастин Бибер

Освен што му ја посвети последната песна, Селена Гомез на некогашниот партнер му даде на знаење дека можеби, се уште не е на чисто со своите чувства.

Пејачката, на својот Инстаграм профил, објафи неколку фотографии на кои покажа како течеле подготовките за нејзиниот настап на доделувањето на АМА наградите во Лос Анџелес.

Меѓу фотографиите се нашла и една на која таа гордо ја покажува својата нова тетоважа на бедрото. Селена истетовирала склопени раце како се молат и околу нив испреплетена бројаница, симбол на христијанството. Иако пејачката никогаш не криела дека е побожна, дека верува во бог, овој потег изненади многумина.

View this post on Instagram

AMAs day.. more to come..🌼

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Идентична тетоважа пред неколку години направи и нејзиното поранешно момче, Џастин Бибер. Канадскиот пејат го има истиот мотив на левата нога.

Секако, сите се прашуваат што сакала Селена да порача со оваа тетоважа, дали тоа значи дека не го преболела Бибер.

Пред нешто повеќе од еден месе, 27-годишната Селена издаде нова песна „Lose You To Love Me“ во која пее дека повеќе нема потреба од неговата љубов. Таа рекла дека конечно е навистина среќна бидејќи повеќе не е во состојба во која била кога ја напишала „The Heart Wants What It Wants“ во која зборува како е зависна од Џастин, додека во новата песна на сите им даде до знаење дека конечно е слободна.

„Одлично се чувствувам, ова е еден совршен момент за пуштање на оваа песна, бидејќи да ја објавев пре две години, ни еден збор немаше да има тежина. Тоа што го направив и доживеав, ме прави да се чувствувам благодарно што сега можам ова да го слушнам. Од друга страна е чудно, бидејќи таа песна ја напишав пред две години, а денес се чувствувам потполно поинаку од моментот кога ја напишав. Уште повеќе ми значи бидејќи знам каде бев тогаш и како се чувствував“, објаснила Селена.

И додека таа сметала дека тоа е вистинскиот момент, Џастин одамна тргнал понатаму. Се ожени со долгогодишната пријателка од детството Хејли Болдвин.

Многумина сметаат дека Селена не е искрена кога вели дека го преболела, и дека се уште чувствува нешто за Џастин.

Слични содржини