Се уште сум загрижен, контактите ке ги пренесеме до Бектеши, порача Мицкоски после средбата со Ковачевски

од Nikola Popovski

Како што бев загрижен пред состанокот, истата загриженост ја имам и после состанокот. Во периодот кој што треба силно да работиме и да ги надминеме сите проблеми кои ќе ни се случуваат. Првичното сценарио кој што сите го имаме за функционално работење на трите блока на РЕК битола, едниот блок во ТЕЦ Осломеј, двете турбини во Неготино, зајакнати со производството на ТЕ-ТО Скопје, всушност е тешко да се реализира, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после состанокот на неговиот тим со премиерот Димитар Ковачевски и владиниот тим за енергетиката.

Според Мицкоски, од страна на Ковачевкси, лице за контакт за понудените контакти и предлози бил одреден министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Веднаш после средбата, ќе ги пренесеме контактите до Бектеши и очекуваме оваа неизвесност во која се наоѓаме, да се ублажи, односно да обезбедиме евтин ресурс, со кој ќе обезбедиме поевтина струја од таа на берзите, кажа Мицкоски пред новинарите.

Тој истакна дека според негови податоци, денеска работи само еден блок во РЕК Битола и тој произведува од 152 до 172 мегавати електрична енергија.

Слични содржини