„Се вакцинираше и мојата ќерка“: Путин за првата руска вакцина

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирус, додавајќи дека една од неговите ќерки веќе ја примила.

„Ова утро за прв пат во светот е регистрирана вакцина против коронавирус“, рече Путин на средбата со членовите на владата, јавуваат руските агенции.

Путин изјави дека една од неговите ќерки исто така ја примила вакцината.

„По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден 37 и тоа беше сè“, рече Путин.

Тој додаде дека неговата ќерка се чувствува добро и има високо ниво на антитела, јавува агенцијата ТАСС.

Претседателот на Русија изрази надеж дека со тек на време ќе се појават повеќе вакцини против коронавирус.

Првата руска вакцина против коронавирус заедно ја развија Институтот за истражување „Гамалеја“ и руското Министерство за одбрана.

Слични содржини