Се вери ќерката на Еминем: Среќната вест ја сподели на Инстаграм (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на познатиот рапер Еминем, Хејли Џејд Метерс, на својот Инстаграм профил објави дека се верила.

Имено, покрај фотографиите кога нејзиниот вереник клекнал и ја запросил, таа напишала:

„Опуштен викенд 02.04.2023. Те сакам Еван“.

Хејли е инфлуенсер, која на социјалните мрежи ја следат три милиони луѓе.

Познато е дека е приврзана за својот славен татко, кој ѝ посветил многу песни. Покрај Хејли, раперот има уште две ќерки кои ги посвоил – Алина Метерс и Стиви Лејн.

Многумина се прашуваат дали славниот рапер наскоро ќе стане дедо.

Слични содржини