Се вери Лана дел Реј

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Лана Дел Реј се вери со музичкиот менаџер Еван Виникер, пренесува Billboard.

Тие двајца се трудат да ја чуваат својата приватност подалеку од очите на јавноста, а никогаш официјално не потврдиле дека се заедно.

Сепак, тие беа видени заедно неколку пати, прво во септември на фестивал во Малибу, а потоа неодамна во ресторан во Калифорнија.

Гласините за тоа дека Еван ја запросил Лана започнаа откако таа се појави на доделувањето на Billboard Women In Music Awards, а на прстот ѝ блескаше голем дијамантски прстен.

Сега, добро информиран извор ја потврди веста за медиумот, но Лана и Еван се уште не се огласиле по овој повод.

Слични содржини