Се возел со автомобил низ Градски парк, полицијата го пронајде

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека пронајден и санкциониран е возач кој се движел по пешачка патека во Градски парк.

Според полицијата, во текот на дешениот по претходно добиени информации дека околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

-Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје. Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции, соопштија од полицијата.

Слични содржини