Се враќа Премиер лигата: Натпревари под 90 минути?

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот фудбалски шампионат (Лига 1) е прекинат, германската Бундеслига се враќа за десетина дена, а сè уште не се знае што ќе се прави со англиската Премиер лига!


„Дејли мејл“ пишува дека главниот оперативец на Премиер лигата, Гордон Тејлор, посочил дека доколку продолжи сезоната натпреварите треба да бидат пократки од вообичаените 90 минути.

Ова е нормална работа кај помладите категории, а очигледна причина зошто се предлага ваква промена е стравот од повреда на играчите кои ќе бидат под голем притисок бидејќи немаат екипни тренинзи скоро два месеци.

Тие работеа индивидуално, но тоа не е доволно, додека прашање е дали три недели тимска работа, споменати во скоро сите лиги, би било оптимално да се вратат во соодветна форма.

Засега нема информации за колку време би можело да се скрати, но доколку се донесе одлуката, би било чудно навивачите да ги гледаат натпреварите во овој формат, но сепак, веројатно би прифатиле само да се врати фудбалот.

Претходно се зборуваше дека натпреварите би можеле да се играат на неутрален терен без присуство на публиката, дека нема да има испаѓање и дека наводно ќе бидат дозволени 5 промени.

Ливерпул е убедлив лидер на табелата по 29 кола и им требаат уште шест бода за титулата.

Слични содржини