Се враќаат младинските спортски натпревари, со ПЦР-тестови на сметка на клубовите

од Nikola Popovski

Портпаролите на Владата денес информираа дека Одлуката за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки против КОВИД-19, која претходно важеше до 20 април, продолжува до 27 април.

Според вчерашната одлука, младинските натпреварувања на спортските терени ширум Македонија ќе може да продолжат по најновата одлука на Владата.

„Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

Исклучок се прави и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика  и исклучиво во согласност со наменски одобрени
протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите“, велат од Владата.

Слични содржини