Се вжештува на украинскиот фронт! Со камиони се изнесуваат трупови на украински војници од Дебалцево…

од desk3

За две деноноќија, сабота и недела, во офанзива во регионот на Светлодарски лак во Донбас украинската армија има стотици убиени војници, соопшти “Русскаја Весна”. Во саботата тие не беа евакуирани и останаа на бојното поле. На тој начин тешко повредените починале во текот на ноќта од смрзнатини.


Според командата на ДНР, украинските медиуми не обезбедуваат точни информации за убиените и повредените крај Дебалцево, а командата на украинската армија крие информации за големите загуби. Второ деноноќие телата на загинатите во Логвиново и Калиновка се однесени во градот Артомовск.

Поранешниот командант на Донецката армија генерал Игор Безлер соопштил за телевизија “Ѕвезда”: ” Единицата на Артомовск е блокирана. Ги проверуваат телефоните за слики и пораки. Болниците на Артомовск се преполни. Труповите од Артомовската мртовечница ги превезуваат во некоја непозната насока. ”

Сите напади се одбиени, украинската армија е одвратена на првичните позиции.

На позадината на сложената ситуација во источна Украина, медиумите јавуваат дека од воените единици во западниот дел на земјата дезертирале над 400 лица, пишува “Русскаја Весна”. Военото министерство објавило листа на избеганите со испишани адреси и кога дезертирале од војската. Граѓаните се повикани да помогнат во потрагата по нив.

Тоа се случило на позадината на извештаите дека во последните борби кај Дебалцево украинската високото команда свесно ги испратило маринците да напаѓаат во минско поле, што не било исчистено.

Слични содржини