Сè за бразилскиот сој на ковид 19: Колку е опасен и дали вакцините ќе делуваат?

од Берта Китинска

Бразилскиот сој пристигна во повеќето европски земји, како и во САД, и засега не е доминантен вид.

Симптомите кои го придружуваат се слични на симптомите на други варијанти на вирусот корона – треска, кашлица, болки во мускулите, губење на чувството за мирис и вкус …

Сепак, она што досега е познато за оваа варијанта на короната е дека може да избега од антитела стекнати по природен пат и да доведе до реинфекција. Имено, оние кои веќе се заразиле со вирусот корона, не се заштитени од бразилската варијанта.

Д-р Џејм Орелана, епидемиолог во познатата бразилска научна истражувачка институција „Фиокруз“, вели дека видот П1 е многу пренослив и затоа го смета за „закана за човештвото“, пишува еКлиника.

Тоа е една од двете варијанти на вирусот кои беа откриени во Бразил или кај луѓе кои патуваа од Бразил и беа именувани како П1 и П2. Варијантата П1 има неколку промени – три мутации на протеини со шил наместо една – и тоа е фактот што предизвикува најголема загриженост кај експертите.

П1 за прв пат е откриен во Јапонија, кај луѓе кои пристигнале од Бразил. Истрагите го потврдија постоењето на ковид 19 во Манаус, град на Амазон кој го преживеа интензивниот прв бран на вирусот , особено во април минатата година.

Истражувањето спроведено на дарителите на крв во октомври 2020 година покажа дека 76 проценти од популацијата има антитела, па се претпоставуваше дека тие биле барем привремено имуни.

Но, во јануари 2021 година, голем број на луѓе кои претходно се опоравиле од „ковид-19“ биле повторно инфицирани, што укажува на тоа дека вирусот П1 е способен да зарази луѓе кои сметале дека имаат природен имунитет. Варијантата П2, од друга страна, е широко распространета во Бразил, но има помалку загрижувачки мутации.

Како делуваат вакцините?

Кога станува збор за вакцините, работите се малку подобри.

Студија од Универзитетот во Оксфорд, објавена во втората половина на март, покажа дека постојните вакцини можат да штитат од мутација на бразилскиот вирус на корона. Истражувачите користеле примероци на крв од луѓе со антитела генерирани и од корона инфекција и од вакцините Оксфорд / АстраЗенека и Фајзер / Бионтек, кои се користат во Британија.

Според Ројтерс, податоците од студијата покажале скоро тројно намалување на нивото на вирусна неутрализација со антитела генерирани од вакцините за варијантата П.1 Бразил, слично на намалувањето забележано кај сојот за прв пат идентификуван во Кент, Британија

– Овие податоци сугерираат дека антителата и вакцините што се појавуваат во природата сепак можат да ги неутрализираат овие варијанти, но на пониски нивоа. Бразилскиот сој може да биде помалку отпорен на овие антитела отколку што за првпат се стравуваше – извештаи од Универзитетот во Оксфорд.

Слични содржини