„Се закануваат дека ќе ме убијат затоа што ја рушам империјата на Путин“

од Vladimir Zorba

Поранешниот шеф на руската анти-допинг лабораторија, Григориј Родченков, кој откри како државата стои зад системскиот допинг, со години е на Запад.

„Ова се мои безбедносни мерки, затоа што имам закани дека ќе бидам убиен. А јас сакам да живеам“, изјави Родченков за АП.

Доказите што тој ги достави се уште се користат во случаи против руски спортисти, поради што тој е мета на напади, зад кои, како што вели, стои самиот претседател на Русија.

„Путин е сосема логичен. Тој ја дели опозицијата на два начина – непријатели и предавници. Јас сум во категоријата предавници и сите предавници треба да бидат обезглавени, искасапени, мртви. Затоа, нема сомнение дека тој ме сака мртов“.

Сите овие закани не го одвратија Родченков да напише автобиографија, „Аферата Родченков: Како ја срушив тајната допинг империја на Путин“.

Тој беше главниот ум зад правењето анаболни стероидни коктели и прикривања кои ја претворија Русија во машина за медали на Олимпијадата во Сочи 2014 година.

Како што напиша, руските шпиони гарантирале дека коктелот нема да биде откриен на тестовите за допинг, бидејќи агентите на ФСБ користеле дупка во ѕидот на лабораторијата во Сочи, за во текот на ноќта да ги чистат контамираните примероци со чиста урина.

„За мене, тоа беше крајот на допинг контролата. Ако ние можеме да го сториме тоа, зошто не можат другите?“

Прикривањето се прошири на Летните олимписки игри, Параолимписките игри, планетарните првенства во скоро секој спорт, а по откритието на некои спортисти, на Русите им беше забрането да се натпреваруваат под своето знаме на Игрите.

„Спортот е дел од политиката на Путин и му покажува на Западот колку е добра Русија. Вие не можете да и верувате на Русија, или на нивните надлежни органи и лабораториите за издавање сертификати“.

На прашањето колку долго ќе трае овој систематски допинг, Рдченков директно одговори:

„По уставните измени што му овозможија на Путин да се кандидира за уште два шестгодишни (претседателски) мандати, во 2024 и 2030 година, односно до 2036 година“.

Многумина се прашуваат зошто некој би поверувал на Родченко, кога тој самиот бил во тој систем.

„Кога си директор на лабораторија, имаш 50 вработени и им пријавуваш на оние на високи позиции во министерството, не можев ни да размислувам за морал“.

Сепак, тој не е загрижен за долгорочно оштетување на здравјето на спортистите кои користеле стероиди.

„Тоа е крајно дискутабилно и сè уште неосновано. Видовме генерација која сега е во нивните 70-ти и 80-ти, која е сè уште во добра физичка состојба по стероидните програми “.

Родченков започнал со систематски допинг во СССР.

„Искрено ми е жал, но имав големо чувство да извршувам наредби. Спортистите на кои им помогнав да победам беа исклучително талентирани и не можев да разберам како може да изгубат пред другите. Единствено објаснување беше допингот (на оние други). Искрено, тоа беше како да се израмни полето за играње“.

Вели дека во рускиот спорт не постои морал.

„Моралот може да биде речник од американскиот живот, но не од советскиот и рускиот. Имаше советски морал во СССР, нема во Русија. Огромен проблем е милитаризацијата на руските спортови. Тие следат наредби, тие се дисциплинирани, но не можат да ја кажат вистината, затоа што тие положија заклетва на руската држава и ги сметаат странците како потенцијални непријатели или дури и вистински непријатели. Затоа во Русија има три начина: лажење, мамење и негирање “.

Тој додаде дека луѓето „надвор“ не можат да разберат што се случува во спортот.

„Само свиркачи можат да го сторат тоа. Но, за да го сторат тоа во корумпираните земји, тие треба да избегаат од нив “.

Уште од кога ги откри деталите за систематски допинг во Русија, Родченков живее во постојан страв.

„Еднаш ме препозна некој студент. Му реков „Заборави дека ме виде“ и морав да исчезнам“, објасни Родченков.

Слични содржини