Се запали автомобил во движење

од Nikola Popovski

Нов случај со пожар во автомобил во главниот град, информираат од МВР.

Според полицискиот билтен, вчера изутрина во 07.30 часот во полициска станица Гази Баба М.Б.(26) од с.Лопате, кумановско пријавил дека околу 07.05 часот на ул. 881 на подрачје на Гази Баба, Скопје додека управувал патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар во возилото.

-Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, констатираа од МВР.

Слични содржини