Се запали и изгоре камион кај Неготино

од Nikola Popovski

Камион натоварен со хартија изгоре утрово кај Неготино, потврдил Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица. Пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на лице место.

Несреќна околност била што камионот бил полн со хартија и та допринело огнот, кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори.

Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Слични содржини