Се запали камион “Даф“ со бугарски национални ознаки

од desk2

Во саботата, во 19,05 часот било пријавено дека на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Граничниот премин „Деве Баир“, кај место викано .„Долна маала“-с.Узем, во движење се запалило товарно моторно возило “Даф“ со бугарски национални ознаки, управувано од Л.С.В.(56) од Р.Бугарија.

 

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Слични содржини