Се запалил автомобилот во кој се превезувал началникот на ГШ на АРМ, никој не е повреден

од Берта Китинска

Генерал-потполковникот Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата, помина без никакви повреди откако возилото во кое се превезувал се запалило.

-Имено, во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за одбрана.

Слични содржини