Се запалила соба од стан во Струмица на новогодишната ноќ

од Aleksandar Todeski

Околу два часот по полноќ избувнал пожар во стан на вториот кат од зградата број 25 на улицата „Јанко Цветинов“ во Струмица. Повредени нема, но целосно е уништена една од собите на станот.

„Во гаснењето на пожарот, Територијалната противпожарна единица на Струмица учествуваше со четворица пожарникари и едно противпожарно возило и по еден час пожарот е изгаснат и не се прошири во другите соби и соседните станови“, информираат од струмичката противпожарна единица.

Причината за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдува. Покрај гаснењето на овој пожар, струмичките пожарникари во новогодишата ноќ интервенирале во гасење на запален балкон од стан во центарот на градот предизвикано од петарди и на запален контејнер.

Слични содржини