Се запалило возило кое пренесувало гласачки материјал од Гостивар кон Скопје

од Nikola Popovski

Возило на гостиварската Изборна комисија, во кое се наоѓал изборниот материјал од гласањето во Општина Гостивар што комисијата го носела во ДИК, рано изутринава, од засега непознати причини, се запалило. Во инцидентот нема повредени лица, а, како што соопшти полицијата, не бил оштетен ниту избирачкиот материјал.

„Утрово во 4:30 часот во СВР Тетово бeше пријавено дека моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 35 годишниот Ф.А. од Гостивар, се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија“, соопшти Јосифовски.

Лицето Ф.А. во еден момент, додека управувал со возилото, забележал како излегува чад под хаубата. Заедно со четворицата членови од општинската изборна комисија го излегле од возилото во близина на наплатната рампа Тетово и од безбедносни причини решиле да повикаат друго возило за продолжување на патот до Државната изборна комисија во Скопје.

Слични содржини