Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи го предупреди претседателот Хасан Рохан дека на “некои” светски сили не може да се верува во примената на нуклеарниот договор, повикувајќи на внимателност, соопштува “Франс прес”.

430x330

Во писмо до Рохани лидерот на Иран, кој го има последниот збор за склучениот во вторникот нуклеарен договор меѓу Техеран и “шесторката”, го поздравува иранскиот преговарачки тим за “нивните неуморни напори”.

Завршувањето на преговорите, според него, е “пресвртница”, но договорот треба темелно да се анализира и разгледа пред да биде одобрен.

Рохани “треба да е загрижена од евентуално прекршување на обврските од други земји”, додава Хамнеи.

Многу добро сте свесни дека на некои од земјите кои учествувале во преговорите, не може да им се верува целосно, продолжува високиот лидер. Тој сепак не конкретизира на која од шесте земји (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) не може да се верува.

Во меѓувреме, иранскиот претседател најави дека земјата наскоро може да купи нови авиони за застарената авионска флота штом бидат отстранети санкциите во авионската област. Според министерот за транспорт на Иран, се водат разговори со Boeing и Airbus за купување на авиони. Минатиот месец земјата објави дека има намера да купи околу 400 нови авиони за 1 деценија, кои ќе се во вредност од 20 милијарди долари.

Во врска со договорот британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд ќе оствари средба со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Израел. Другата недела пак американскиот воен министер Ештон Картер ќе го посети Израел. Денес државниот секретар на САД Џон Кери ќе разговара со својот колега од Саудиска Арабија во Вашингтон.

Слични содржини