Се зголемува бројот на новозаразени во Грција

од Vladimir Zorba

Во Грција денеска беа потврдени 20 нови случаи на коронавирус, со кои се зголеми вкупниот број заразени на 3.409, објави Националната организација за јавно здравје.

Ова е мало зголемување во однос на вчерашниот ден, кога бројот беше 15, додека во изминатите 24 часа евидентирана е една смрт, така што бројот на смртни случаи се зголеми на 192.

Во единиците за интензивна нега има девет пациенти, а вкупно досега се тестирани 312.775 лица.

Слични содржини