Се зголемува бројот на смртни случаи во Турција: Во изминатото деноноќие тестирани 24 900 граѓани

од Nikola Popovski

Бројот на починати од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа е зголемен за 87, со  вкупно 812, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Во исто време, бројот на заразени од коронавирус се зголемил за 4.117 и сега изнесува 38.226, објави Ројтерс.

Бројот на излекувани во Турција е 1.846, а бројот на тестирани во изминатите 24 часа е 24.900, соопшти Министерството за здравство.

Слични содржини