Се зголемува бројот на загинати платеници од Македонија во Украина: Руското МО со нови бројки

од Nikola Popovski

Руското министерство за одбрана ги објави своите најнови податоци во врска со бројките на странски платеници кои војуваат на фронтот во Украина. Така, според руските власти, од почетокот на инвазијата на страната на Украинците се бореле 79 македонски државјани, а биле убиени или загинале 26.

Во споредба со последниот извештај од Руското министерство за одбрана, животот го загубиле уште двајца Македонци.

Активни на фронтот во моментов се 32 лица.

Според податоците, најмногу странски платеници кои се борат на украинска страна доаѓаа од Полска, при што досега се убиени 643 лица од оваа земја, додека на второ место е Романија со 156 загинати нивни државјани кои учествувале на фронтот.

Од соседството, од Косово во Украина заминале 156 лица, а 72 биле убиени.

Слични содржини