Се зголемуваат хоспитализациите: 105 заразени со коронавирус во болниците

од Nikola Popovski

Министерството за здравство соопшти дека бројот на хоспитализирани во болниците низ изнесува 105 пациенти.

-Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10, соопштиле од МЗ за МИА.

Според последниот ковид-биланс, вчера беа регистрирани 164 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.276 тестирања, а последен пат трицифрена бројка на нови случаи на инфицирани со коронавирусот беше регистрирана кон средината на мај.

Бројот на активни случаи изнесува 770, од кои најмногу се во Тетово 229, по што следи Скопје со 221, Куманово 72, Гостивар 68, Битола 34, Струмица 21…

Слични содржини