Себичните жени се посреќни во љубовта

од Vladimir Zorba

Верувале или не, себичноста се исплати! Докажано е дека жените кои не сакаат да ги задоволуваат другите чувствуваат повисоко ниво на задоволство од припадничките на понежниот пол кои се трудат да им угодат на сите, а најмалку на самите себе.

Себичноста понекогаш се исплати. Иако нашите родители не научија секогаш да даваме и споделуваме, понекогаш е многу позадоволувачки да мислиме повеќе за себе отколку за другите. Докажано е дека жените, кои целосно даваат и се грижат за луѓето околу нив, поминуваат полошо од оние кои мислат само на своите потреби.

Имено, една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот во Аризона покажала дека жените кои и покрај стресот скокаат на помош на мажите, си нанесуваат штета на себе и на својата врска. Во овие ситуации најчесто доаѓа до акумулација на стрес кој подоцна предизвикува се повеќе кавги со партнерот.

Во истражувањето учествувале голем број брачни и невенчани парови, а должината на врската се движела од шест месеци до 44 години. Во текот на истражувањето, паровите ги снимиле своите активности кои ги извршувале заедно, дружењето со пријателите и разни други обврски.

Се испостави дека жените кои се себични функционираат подобро во врската, па врската е поквалитетна. Без разлика дали се работи за вистинска себичност или за несебична жена која конечно сфатила до каде се нејзините граници и на што треба или не треба да се согласи, себичноста добро ѝ доаѓа. Ќе уживате во врската и мажите ќе имаат повеќе нерви за вас и повеќе ќе ве почитуваат.

Ако сепак се одлучите за несебичен концепт, бидете свесни дека таквите жени се карактеризираат како несреќни, незадоволни и со тежок товар на грбот. Обидете се да ги споделите обврските со партнерот, а ако видите дека не оди добро, одлучете се прво да се зачувате себеси, а потоа и другите.

Слични содржини