Седлоски нов тренер на Вардар

од Vladimir Zorba

Сергеј Андреев од денеска не е тренер на екипата на Вардар, соопшти македонскиот шампион преку својата официјална интернет страница.

sedloski

Раководството на „црвено-црните“ го разреши првиот тренер на екипата, после 20 месеци соработка. Андреев во минатата сезона ја донесе и титулата на Вардар, а играше и во Лигата на шампионите против кипарски АПОЕЛ. Како што е познато нашиот тим беше елиминиран во второто квалификациско коло.

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко во соработка со менаџментот на клубот донесоа одлука за разрешување на Сергеј Андреев и се одлучи довербата во иднина да му се додели на Гоце Седлоски, кој е назначен за нов шеф на стручниот штаб.

Македонската фудбалска легенда до сега ја извршуваше функцијата спортски директор на „црвено-црните.. Тој со своето искуство треба да го подигне нивото на клубот кој има големи амбиции за во иднина.

Новиот шеф на стручниот штаб почнува со работа од понеделник кога ќе го има првиот тренинг со екипата.

 

Слични содржини